Почетна
Училиште
Историјат
Актуелности
Развој
Директор
Околина
Патрон
Настава
Ученици
Вработени
Информатика
Партнерство
Контакт
 

   Развој

  Современите тенденции во образованието наложуват секојдневно следење на достигнувањата на сите полиња со цел на нивно доследно инплементирање во процесот на обезбедување на здрави, модерни и атрактивни училишта како привлечна и посакувана средина за работење.  Тоа претставува редовно вклучување во различни проекти, нивно следење и правилен избор, како и семинација во работната средина.  Резултатите од таквата активност се подобрување на процесот на работење, осовременување на методите за работа и постигнување на високи резултати на ученичките натпревари како најпосакувана точка на целокупното залагање.

За таа цел кулминативно од 2005 г. нашето училиште ОУ ,,Стив Наумов” беше вклучено во различни типови на проекти од професионално усовршување на наставници и педагошко-психолошката служба до промена на инфраструктурата:

 

2005-2006

 Вклучени бевме во повеќе проекти, од кои се институционализира програмата:

“Чекор по чекор” - Отворено опшество

 “Диференцирана настава - Координирана физика”

 “Основи на демократијата”  -СОРОС

Се имплементира  проектот “Креативна настава и учење”унапредување на училиштата 3 дел- Институт отворено општество

,,Водење на динамично училиште” од БРО

,,Менаџмент во основното образование”од БРО

            ,,Весниците во училиште!”-програма на асоцијацјата на печатени медиуми

            ,,Управување во оснвните и средните училишта”-МОН на РМ

            ,,чекор по чекор до критичко мислење - со читање и пишување до критичко мислење”- СОРОС

2006 – 2007

 Продолжи да се институционализира програмата “Чекор по чекор”,

“Диференцирана настава - Координирана физика”

 “Основи на демократијата”

  “Креативна настава и учење”

Е - школо за ИКТ (Иновации во компјутерската технологија) која се изведуваше  во 2 фази , обуката ја посетуваа 23 наставници

 Се спроведе и проектот,,Информатичка писменост во одделенска настава “

,, Имам Право”.

            ,,Тул-кидс” - работилници за англиски јазик за учениците од одделенска настава

 

 2007-2008

 

“Чекор по чекор”

 “Диференцирана настава - Координирана физика”

 “Основи на демократијата”

  “Креативна настава и учење”

  Реализиран е проектот Е-сцхоол (Е-школо) за ИКТ (Иновации во компјутерската технологија)

Проект – промена на надворешна дограма – Јапонска влада

,,Имам Право”

Проектот за модернизација на образованието и училиштето, поддржан од МОН, холандската амбасада и Светската банка.  Во рамките на проектот се доделуваа грантови за развој на училиштето кои  се искористија за делумна реконструкција на покривот и внатрешната дограма, набавка на аудио-визуелни средства, како и обука на стручните соработници и наставниците за објективно оценување и спроведување на стандарди и критериуми за оценување.

 

 

2008-2009

Фондација „Тоше Проевски” – Опремување со дидактички средства

Проект за унапредување на работата на Училишните одбори-втора сесија

Во тек е проектот за изградба на стандарди и критериуми за оценување во соработка со БРО и подготовка на наставниците за имплементација на проектот во иновираната настава.

Проект ,,Капитални инвестиции” за добивање на грантови од Владата на РМ за подобрување на инфраструктурата

 

Во целокупното ангажирање на нашето училиште за истакнување се личните ангажмани на нашата директорка м-р Билјана Рахманова Тасева со вклученост во следните проекти:

- Чекор по чекор

- Креативна настава и учење

- Училишен менаџмент

- Водење динамично училиште

- Раководење и управување со училиштата

- Нашето културно богатство – проект со Завод и музеј – Битола

- Квалитетот во образованието

- Законодавство

- Финансирање

- Оценување на напредокот на учениците

- Професионално ангажирање

- Граѓанско образование – работа со тимови

 

На најголем дел од проектите и самата е едукатор на тимовите.

 

Награди

      Нашите ученици се често пати носители на значајни награди и признанија.  Од периодот од 2000-2005 година позначајни се:

-         Републички прваци: женската ракометна екипа на ОУ “Стив Наумов”

-         Меѓународни признанија на ликовни изложби: Горуњ во Полска

-         Физика - Републички натпревар и освоени 5 трети места во општински натпревари

-         Хемија - Републички натпревар и освоено второ место на колеџот Јахја Кемал - Скопје во 2003 год

и многу други признанија и награди по останатите предмети на општинските и регионалните натпревари.

 -         Со голем респект и благодарност потребно е да се нагласат активностите и ангажманот на наставниците и учениците на училишните, општинските и државните натпревари.  Посебно би ги истакнале следните резултати на учениците по предметите физика, германски јазик, македонски јазик, географија, хемија, информатика и женската ракометна екипа.

-         Првенец на генерацијата е прогласена ученичката Тноковска Катерина од 8 одделение, која со нејзиниот ангажман на полето на редовната настава и воннаставните активности постигна максимално добри резултати, посебно на полето на македонскиот јазик и култура, каде што учествуваше на натпреварот по македонски јазик на државно ниво во Тетово и го освои третото место.

   2000-2006

-         Информатика: освоено 1 место на Општинскиот натпревар по информатика во 2005/06 година и 3 место на Републичкиот натпревар по информатика во Скопје за 2005/06 година

-         Македонски јазик: 1 место на Регионалниот натпревар по македонски јазик

и многу други признанија и награди по останатите предмети на општинските и регионалните натпревари.

- Награда за освоено второ место на државниот конкурс за сите средни и основни училишта за најдобра училишна веб-страна

 

2007-2008

 1. Екипата од 8в одделение на натпреварот по Црвен крст освои 4 место, а на квиз натпреварот освои 4 место

2. На натпреварот по хемија ученикот Владимир Горгиевски 8 б освои

            1 место на општински натпревар

2 место на републички натпревар

            3. Ученичката Луиза Николовска 8 в освои 3 место на општинскиот натпревар по Математика

            4. Ученичката Ивана Груевска од 4 в одделение освои 3 место на регионален натпревар по математика

            5. На натпреварот организиран од народна техника освоени се следниве награди:

            Применета географија: Ангела Кондинска 6 в освои 1 место и  Емилија Тноковска 2 место

            Применета хемија: Владимир Георгиевски 8 б освои 1 место

Екологија: Георгина Поповска 8 в освои 2 место

            Астрономија: Марија Лембовска 7 а освои 2 место

            Сообраќајно моделарство: Енис Алитов 7а освои 3 место

            Од општинските спортски натпревари машката екипа освои 3 место одбојка, 3 место ракомет и 2 место кошарка.

            Училишниот хор освои 1 место на регионалниот натпревар.

            Добиени се и пофалници за учество на натпреварите по математика, македонски јазик и литература и физика.

 

3. Активности

 

Во периодот од 2005-2009 година реализирани се и во тек на реализација се следниве активности:

 

-         Бојадисани училници

-         Бојадисани ходници

-         Реконструкција на санитарните јазли

-         Реновирана училница со адаптација за дневен престој со самофинансирање во 2006 година

-         Донација на компјутери и компјутерска опрема од Кина

-         Од грантот за модернизација:

o       Извршена е делумна санација на покривната конструкција

o       Извршена е промена на вратната дограма на вториот кат со медијапански врати

   

Пред                                                   Потоа

o       добиени се аудио-визуелни средства: дигитална камера, дигитален апарат, лцд-проектор, проекционо платно, флип-чарт табла, ДВД- плеер, телевизор, фотокопир и ласерски принтер

 

-         Бојадисана и малтерисана влезната врата во училишниот двор

-         Бојадисана и реновирана нова наставничка канцеларија

 

-         Поставен ламинат во наставничка канцеларија

-         Бојадисана и реновирана канцеларија за администрација

-         Бојадисана и реновирана директорска канцеларија со поставување ламинат

-         Бојадисување на ходниците на вториот кат

-         Адаптација на училница за нова наставничка канцеларија со бојадисување и поставување на ламинат

-         Изработка на канцелариски мебел за наставничка канцеларија

-         Оплеменување со нови ученички компјутерски клупи за дел од училниците (проект на Владата на Република Македонија)

-         Промена на електричната инсталација и адаптирање за новите компјутери (проект на Владата на Република Македонија)

-         Осветлување на училишниот двор

-         Промена и поставување на ПВЦ-врати на ученичките тоалети

 

-         Реновирање и реконструкција на училишен објект во училишниот двор за издавање под наем (здравствена дејност)

-         Делумно реновирана спортска сала со адаптирање на простории за соблекувални

-         Набавка на нови столчиња

-         Работа на полудневниот престој според законот за образование

-         Последователно во континуитет одржани продажни училишни саеми со намена на средствата за оплеменување на училниците

-         Присуство на Божиќниот ручек организиран од Детската амбасада-Меѓаши и МПЦ за деца со инклузии, наградувани ученици и ученици со понизок социјален статус

 

Образование

 

Во текот на 2007 година отворена е нова паралелка за прво одделение – иновирана програма во согласност со МОН.

МВР одржа предавања на тема: штетни последици од користење на дроги и наркотични средства, алкохолот и цигарите, трговија со луѓе, безбедност во сообраќајот

Здравствен дом одржа едукативно предавање за сидата

Црвен крст одржа едукативно предавање за пубертетот кај женските деца

Педагошко-психолошката служба одржа предавање за животни вештини, здрава вода – здрав живот, предавање против употребата на пороците на21 век