












 |
|
СТЕВАН НАУМОВ - СТИВ
ПАТРОН
НА УЧИЛИШТЕТО

Роден
е на 27.10 1920 година во Битола, како четврто дете на Јана и Васил
Наумови. Основното образование го започнал во учебната 1926/27 во
сегашното , но тогашно српско училиште ,,Вук Караџиќ,,. Уште во тоа
време Стеван почнал да ги пројавува главните
црти на карактерот: бистрина, снаодливост, храброст, трудољубивост, искреност, отвореност,
соодветна срамежлива повлеченост, љубов кон другите и готовност да им се
помогне на оние коишто имаат потреба од некаква помош. Тие основни црти
го прателе до крајот на неговиот млад живот.
Гимназија завршил во Битола, а студиите на Техничкиот факултет ги
започнал во Белград каде што го затекнала и Втората Светска војна. Во
1940 се вратил во Битола.
Веќе во
април 1941 учествува во формирање на Првиот партизански одред
,,Пелистер,, , а на 6.07.1942 и на битолско-преспанскиот партизански
одред ,,Даме Груев,,. Неговата активност била забележана од
фашистичкиот окупатор и тој превзел мерки за негово ликвидирање. Поради
убиството на полицискиот началник на Битола бил осуден на
смрт во отсуство и била распишана награда од 200.000 лева за оној кој ќе го
фати или пријави.
Подготвувајќи го народот за востание на 11.09.1942, Стив
престојувал во селото
Болно-Преспанско. Но тој тука бил предаден и опколен. Утрото на
12.09.1942, заедно со неговиот близок пријател, борец и
македонски поет Мите Богоевски се бореле во нерамна борба против цела чета. Мите загинал,
а Стив уште цели пет часа сам ја продолжил борбата сé
до последнот куршум.
Стив ја извадил последната бомба и легнал врз неа
за да не им падне жив во рацете на поробителите.
Тој
загина за да живее вечно слободата на неговиот народ, во срцата и
душите на идните поколенија, во срцата и душите на учениците од
ова училиште, кое со гордост и почит го носи неговото име.
|
|