Почетна
Училиште
Историјат
Актуелности
Развој
Директор
Околина
Патрон
Настава
Ученици
Вработени
Информатика
Партнерство
Контакт
 

 

   Во срцето на Битола е сместено едно од најстарите училишта кое било жариште на писменоста и културата во Битола и  битолско - Ц.О.У ,,Стеван Наумов- Стив,,. До 1912 пред влезот на ова училиште се наоѓало Турско женско работничко  каде се школувале керките на побогатите турци од овој реон.  Зградата била прилично стара и руинирана.  Дворот бил ограден со висока ограда.  Вака училиштето постоело се до  1912 год.

Од 1913 по направената историска неправда со поделбата на Македонија ова училиште е претворено во српско четири годишно со настава на српски јазик под имеро ,,Арнаут мале,,

 

                                                                                                              Зандан Кула

Од 1927 училиштето го добива името на големиот српски реформатор ,,Вук Караџиќ,,чиј ученик бил и Стив Наумов.Започнало да работи со четири паралелки од прво до четврто и една забавишна група  и сите со над  40 ученици. Претежно се школувале машки деца и школувањето не било задолжително бидејќи тогашната власт настојувала да го задржи населението неписмено и во културна заостанатост за да ја оствари својата денационализаторска политика.

  Зголемувањето на бројот на учениците, нагризувањето на старата турска зграда од забот на времето и трошењето на големи финансиски средства за одржување,  биле причина училиштето да се затвори, но благодарение на  солидарноста на граѓаните и општинскот председател се добиле средства за изградба на ново училиште.

Од 1934 започнала изградбата на  новото училиште. По конечното ослободување на Битола од 4 .12.1944 училиштето ја започнува својата работа со настава на  македонски јазик добивајќи го името на некогашниот свој ученик, првоборец и народен херој Стеван Наумов-Стив.

                                                                                                            

Училишниот двор (лево е Зандан Кула, десно дел од училиштето и Чинарот)

   На површина од 16 km/2 , на надморска височина од 630 m , во Пелагониската котлина меѓу Баба Планина со врвот Пелистер и Ниџе со врвот Кајмакчалан на 21 степен  и.г.д, и  на  41  степен  с.г.ш е сместен градот Битола. Првите пишани документи  за него датираат од  4 век пред нашата ера кога се верува дека  Филип II го оформил градот Хераклеа Линкестис во близина на патот Виа Игнација. Во продолжение следуваат неколку слики од стара Битола.

Дел од централното градско јадро

                                              Пазар

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                              Старата градска чаршија

                             Панорама на Битола