|
Директорот
на училиштето, м-р Билјана
Рахманова Тасева,
дипломира
на Педагошкиот факултет во Битола и се стекна со академскиот степен
Дипломиран воспитувач и дипломиран учител.

По
завршувањето на додипломските студии се запишува на постдипломски студии
на Педагошкиот факултет во Битола на отсекот Менаџмент во образованието,
кои успешно ги завршува и се стекнува со академскиот степен
Специјалист по менаџмент во образованието. Во јули 2008 година
магистрира на Педагошкиот факултет во Битола на темата Улогата на
советникот во подобрување на квалитетот во водењето на училиштето и
се стекнува со академскиот степен Магистер по менаџмент во
образование.

Има професионално искуство како воспитувач во предучилишна
настава во ОУ Кирил и Методиј - Битола подрачно училиште во општина
Могила.
Во 2004
посетувала обука за работа во училишен тим за поддршка на граѓанското
образование. Во 2006 година посетувала обука за мониторинг и
оценување, исто така била обучувач за програмата мониторинг и оценување
со проектот за модернизација на образование. Посетувала и обука од
областа на менаџментот - Мотива - Менаџмент образовен центар.
Во целокупното ангажирање
на нашето училиште за истакнување се личните ангажмани на нашата
директорка м-р Билјана Рахманова Тасева со вклученост во следните
проекти:
- Чекор по чекор
- Креативна настава и учење
- Училишен менаџмент
- Водење динамично училиште
- Раководење и управување
со училиштата
- Нашето културно богатство
– проект со Завод и музеј – Битола
- Квалитетот во
образованието
- Законодавство
- Финансирање
- Оценување на напредокот
на учениците
- Професионално ангажирање
- Граѓанско образование –
работа со тимови
На најголем дел од
проектите и самата е едукатор на тимовите.

|