












 |
|
ЕКСТЕРИЕР
Локацијата на училиштето е во централното градско подрачје на градот
Битола. Опфатот на училишните обврзници е од месноста “Арнаут маало”
паркот “Синанбеј”, дел од улицата “Партизанска”, месноста Север-Југ, дел
од улицата “Цар Самоил” и дел од улицата “Стив Наумов”.
Училиштето е распространето на 3769,91 м2, што се наоѓаат во еден
објект, зграда од тврда градба и дворно место од 7620 м2, кое е поделено
на преден и заден двор.
Во предниот дел се наоѓаат два спортски полигони и стар историски објект
- Зандан Кула, која е во фаза на реконструкција од Заводот за заштита на
спомениците на град Битола и е под негово раководење. Тука се наоѓа и
повеќевековното дрво - Чинар.
ЕНТЕРИЕР

Мурал во
училишниот хол
Училиштето брои 17 училници со
корисна површина од 1409,88 м2, кои се просторни и прозрачни и главно
одговараат на нормативите за училишниот простор. Во училиштето се
користат и 7 специјализирани училници за англиски јазик, германски јазик,
техничко образование, информатика, ликовно образование, музичко
образование и библиотека. Библиотеката доби адекватно, просторно место.
За таа цел беше преадаптиран еден кабинет во библиотека, затоа што ОУ
“Стив Наумов”-Битола располага со над 12 000 фонд на книги. Во училиштето
постои сала за физичко образование. Училиштето располага и со 3
канцеларии и сопствена просторна училишна кујна. Исто така постои и полудневен престој, т.е
специјализирана училница, адаптирана според стандардите за полудневен
престој.



|
|