Почетна
Училиште
Историјат
Актуелности
Развој
Директор
Околина
Патрон
Организација
Настава
Ученици
Вработени
Информатика
Партнерство
Контакт
 

   Актуелности

Патронат

На 27 октомври 2008 со свечена приредба е одбележан Патрониот празник на училиштето. Прославата се одржа во Центарот за култура - Битола со пригодна програма. Пред преполната сала се претставија учениците од сите одделенија, а исто така дел од програмата беше презентација на успесите и постигнувањата на училиштето изработена во Power Point и која беше презентирана на видео бим. Програмата беше одлично прифатена од страна на публиката.

Посета на Смилево

Учениците од сите одделенија имаа еднодневна екскурзија во селото Смилево при што беше разгледано селото и неговите знаменитости како што се музејот на Илинденското востание, споменикот на Даме Груев итн.

 

Посета на РЕК Битола

Учениците од 8 одделение во март 2008 изведоа посета на РЕК Битола на која добија практични сознанија за работата на најзначајниот систем за производство на електрична енергија во нашата земја, начинот на производство на електрична енергија кај термоцентралите итн.  Посетата на комбинатот беше проследена од две телевизиски екипи на ТВ Тера и ТВ Орбис а прилогот беше емитуван во рамките на нивните програми за вести.

 Семинар за следење и оценување на учениците

Во рамките на проектот за модернизација на образованието на Република Македонија на 21,22 и 23 март 2008 година во хотелот Молика беше организиран семинар на кој учество зедоа повеќе наставници од нашето училиште. Целта на обуката беше Следење и оценување на учениците.  Како резултат од семинарот наставниците заедно со другите колеги од соодветните стручни активи треба да направат истражување на некоја од темите кои се обработуваа на семинарот: критериуми и стандарди за оценување, квалитетни прашања, дијагностичко, формативно и сумативно оценување, проверка на практичната оспособеност на учениците итн. Меѓу тројцата предавачи на семинарот беше и директорката на ОУ Стив Наумов Билјана Тасевска.

 Посета на ХМС Стрежево

 

Во март 2008 чениците од 8 одделение имаа организирана посета на ХМС Стрежево на која учениците се запознаа со работата на системот, браната, работата на хидроцентралата и останатите битни карактеристики на овој значаен систем за снабдување со вода и производство на електрична енергија.

   

 Ден на екологијата

По повод денот на екологијата – 21 март, во нашето училиште беше организирано уредување и чистење на просториите и инвентарот во училиштето.  Во оваа акција учество зедоа сите ученици заедно со наставниците.

Проект за модернизација на образованието 

Проектot за модернизација на образование се води во соработка и поддршка од Холандска амбасада и Светска банкаРеализиран е проектот и побарувањата по приоритетните цели се остварени целосно, со што во првата фаза е извршена санација на дел од кровната конструкција и промена на внатрешната катна дограма, а во втората фаза добиени се аудио-визуелни средства за модернизација на наставата и подобрување на наставно-образовниот процес.

 

Во тек е третата фаза– обуките на наставниците по приоритетните цели и развојното планирање по планот за развој на основното училиште Стив Наумов.

 

 Дел од фотографиите се од извршената посета од г-ѓа Лиз Томпсон- тим лидер на проектот за модернизација на образованието во Македонија и техничка поддршка за училишно планирање, мониторинг и евалуација и грантови за развој на училиштата

 

Предавање за штетните последици од користењето на наркотични средства

Во февруари 2008 се одржа предавање за штетните последици од користењето на наркотични средства.  Предавањето го одржаа стручни лица од МВР-Битола кои работат на оваа тематика и кои изворно им ги пренесоа на децата огромните физички и психички проблеми и последиците по здравјето кои ги создава користењето на наркотични средства. На предавањето присутни беа ученици од повисоките класови и наставници.

 

 Викенд во Стрежево

 

Во февруари 2008 учениците и дел од наставниците од ОУ Стив Наумов – Битола беа на викенд во Стрежево, каде убаво се дружеа и забавуваа.  За уште поубава атмосфера придонесе и изобилството на снег.  Учениците организираа разни забави, маскембал, а исто така беше организирано и пешачење до скијачките терени.

 

Училишен фест

На 27.12.2007 во училиштето се одржа традиционалниот Училишен фест на кој учество зедоа сите ученици и наставници од нашето училиште.  Средствата од фестот се наменети за подобрување на условите на работа во училиштето и воспитно-образовниот процес во училиштето. Фестот беше одлично посетен од страна на родителите и заинтересираните граѓани.

 

 

Професионална ориентација на учениците

На 25 и 26 декември 2007 учениците од 8 одделение беа на советување во Бирото за вработување на тема - Професионална ориентација на учениците.

Патронат

На 26 октомври 2007 со свечена приредба е одбележан Патрониот празник на училиштето. Прославата се одржа во Центарот за култура - Битола со пригодна програма.